Младен Србиновски. Македонски Фауст. Предговор. Додека во Европа со години функционираат идеите за крајот на историјата, за навлегување во пост-историско време, за завршениот од, кај нас на Балканот тој "процес" на историјата прашање е дали некогаш ќе заврши. Старата Европа толку бргу ја "претрча" Историјата и излезе отаде неа, благодарејќи пред се на производите на својот дух каде Фауст, со Хамлет и Дон Кихот го завземаат највисокото место на Европската пирамида на естетските вредности. Гетеовиот Фауст ја имаше "моќта да му помогне на европеецот да се објасни самиот себе си" (Елиот), но за нас на Балканот, територија што се наоѓа на работ на таа голема цивилизација, тешко може да се рече дека тие вредности апсолутно важат и само можат да се пресликаат во нашата духовност. Претешка е траумата што треба да ја истрпи балканската душа, гледајќи го својот Фауст преку кого треба да си се објасни себеси. Проблематично во Гетеовиот Фауст нема. Проблематичен е фаустизмот, стремежот кон апсолутното што како битие го носи Фауст. Судирот со македонизмот, идеологија онтолошки спротивна на фаустизмот и непријателски расположена на секаков обид за премостување на субјективното со апсолутната вистина е неизбежен, а тоа е почеток на драмата. Продавањето на душата е неизбежно. Нацизмот и сталинизмот, браќа близнаци на европскиот тоталитаризам, одамна се претворени во архетипи на европската деструкција. Балканското прашање е: кој и како од близнаците риел во "нашето двориште". Животот на Венко Марковски со својот несомнен лев ангажман преку целиот негов живот, (значи има некоја доследност и кај него) покажува нешто сосема друго, контроверза и траума за каква поголема не знае нашата понова историја и култура. Овој текст нема воопшто за цел да рехабилитира и брани, уште помалку да осудува, а најмалку да прегазува туѓи коски и да ги закопува на наши гробишта. Венко Марковски нека почива како што почива. Ова е обид со помош на Гете и ние да излеземе во историјата и да влеземе во Постисторијата, во Естетиката, со театар, со постмодерно размислување и есеизирање за сопствените колективни трауми. Лица и појави: Македонскиот Фауст. Маргарета. Активистката. Командантот. Инструкторот. Хомункулосот. Филозофот. Поетот. Полицаецот. Литераторот. Претседател I. Претседател II. професорот, партизанот I, јазичарот I, (еден артист). директорот, партизанот II, јазичарот II,(еден артист). (надзорникот, селанецот, попот, партизани, џандари, врзаниот, врзаната, болничарката, поетот-боем, иследникот, затвореници, новиот Фауст, новата Маргарета ). Сцена 1. 1. ПЛУКАЊЕ НАД ПРАЗЕН ГРОБ. На сцената е празен мртовечки сандак и ископана дупка. Литераторот, јазичарите. Литераторот држи говор. ЛИТЕРАТОРОТ: Вчера во Софија на седумдесет и три години почина прочуениот македонски емигрант и национален предавник Венко Марковски. (Другите плукаат во празниот сандак) Со тоа, најпосле смртта стави точка на неговата долгогодишна предавничка ролја што така успешно ја играше за сите овие години во нашиот буен развоj и еманципација на македонската национална мисла и литература, факт во коj денес никој не може да се сомнева и да го негира. Нашата литература и култура денес кога е приопштена во големото светско семејство на јазици и култури, најгрубо ја негираше и омаловажуваше токму еден од нејзините покренувачи и протагонисти. (Плукање) Незадоволен од својот статус од повоената литературна критика коjа не пројавуваше слух за неговите надминати во естетска смисла, преамбициозни стихотворенија, се реши на најлошиот за него потег, потег да го уништува сето она што дотогаш го градеше и самиот, со што им одеше право во пазувите на вонмакедонските сили, во прегратките на најгрубата манипулација и национално предавство. (Плукање) Погребувајќи го денеска во Софија, токму тие сили најмногу ќе се радуваат што успеаја да ги искористат неговите човечки слабости и да го употребат против своjата татковина и, пред се, против неговото дело. Неговото предавство е најгрозоморно не затоа што избега преку граница, што се зајми на една завојувајчка политика, што стана играчка во пазарењето мегу државите, што исповедаше една антиисториска позиција, ами затоа што се самоуби себе си, својата поезија. (Плукање) Венко Марковски веројатно ги преживе последните години од животот со горчлива свест, дека сепак живее на погрешната страна, дека неговото место е овде. (Се подава Фауст од отворениот гроб. Сите околу сандакот се штрекнуваат. Долга тишина) ЛИТЕРАТОРОТ : (Чита понесигурно) Неговото дело допрва ќе биде оценувано и преоценувано од младите генерации со што најпосле ќе и го предадеме на историјата. (Се крстат) која беспристрасно ке му пресуди и ќе го тргне од него молкот еднаш засекогаш... (Фауст излегува сд отворениот гроб. Насобраните се разбегуваат. До сандакот има авионче од хартија Фауст го зема и фрла во публиката) Мрак. Сцена 2. 2. ПРВИОТ КОНФЛИКТ. Во училница во Скопската гимназија меѓу војните. Фауст, наставникот по српски јазик и директорот. Зад нив црна табла со испишани падежи. ДИРЕКТОРОТ: Значи, ти си тој тап ученик што не го знае дури ни својот мајчин јазик?! ПРОФЕСОРОТ: Тој одбива да пишува, директоре. Нејќе. Целиот клас го убедува да не пишуваат писмена работа. ФАУСТ: Не знам, господин директоре. Не ми оди мајчиниот јазик. ДИРЕКТОРОТ: Тогаш, нема проблем. ќе научиш. Никој не се родил учен. ФАУСТ: Не го разбирам вашиов мајчин јазик. ПРОФЕСОРОТ: Затоа ли Србија војуваше со вас во Прва и Втора Балканска и Прва Светска војна?!... ДИРЕКТОРОТ: Србија е уште во војна за вас! ФАУСТ: Војната одамна заврши, господин директоре. ДИРЕКТОРОТ: Во тоа е проблемот. За Србин несреќата е кога е мир, Венко Марковиќу. Војната за Србин е нормална состојба. Ние го молиме Бога секој ден таа никогаш да не сврши. Аде, напиши го на табла тој глагол најважен за Србинот. ФАУСТ: (Пишува со креда "војевати") ПРОФЕСОРОТ: Ете така. А сега, измени го тој глагол во минато време. ФАУСТ: Не знам, господин професоре. ДИРЕКТОРОТ: (Се смее) Граматиката на српскиот е таква и овој глагол има само едно единствено време. Сегашно, рат и само рат. Кога е во прашање овој глагол. Но, за другите глаголи мораш добро да научиш граматика. Ми се допаѓаш. Сакам да војувам со такви како ти. Затоа дојдов овде, во Јужна Србија. Јас не тепам. Ти си оттука и мислев добро го познаваш овој менталитет. (На професорот) Јањиќу, победата на нашиот народ ќе биде целосна во оној момент кога ваквите ученици ќе ги превоспитаме!? Јасно!? ПРОФЕСОРОТ: Јасно. ДИРЕКТОРОТ: Ѓаволи ти е јасно. Ученикот те бојкотува, а ти ме викаш во училница од него да правиме меѓу неговите врсници херој! Малку ли книги имаш читано со ваква содржина!? Мораш да излезеш од ова сценарио. (На Венко) Далеку ќе дотуркаш ти, Марковиќу. Искрено, верувам во тебе. Ист јас на твои години, а што ми недостига сега? Го гледаш ова? (Покажува со показалец на ѕвездата на градите) ФАУСТ: Да, господин директоре ДИРЕКТОРОТ: Знаеш што е тоа? ФАУСТ: Некое одликување ДИРЕКТОРОТ: Караѓорѓева ѕвезда. Солунец. Јас крвавев - ти да учиш. Ја разбирам твојата младост, но не заборавај едно. Уште гнијат коските на моите соборци на Зебрњак, Добро Поле, Ретки Буки. Заради нивното јунаштво мораш да научиш мајчин јазик. ФАУСТ: Во Македонија лесно се печалат одликувања. И тато ми ги има неколку. Беше ополченец. ДИРЕКТОРОТ: (Му удира шлаканица) Со вас не може со добро, мајку вам бугарашку! Тогаш со сила ќе учиш мајчин јазик. И ти и мајка ти ако треба! ФАУСТ: Слабо сфаќа мајка ми кога ја учам, господин директоре. Какво време доде, мајка ми вели, децата да ги учат мајките мајчин јазик. (Дирекгорот му удира уште една шлаканица. Влегува Хомункулусот со училишно ѕвонче в рака. Ѕвони) ХОМУНКУЛУСОТ: Почнува часот. Ајде Мрак. Сцена 3. 3. ПРЕЧЕК. Железничката станица во Скопје меѓу војните Активистката и Маргарета АКТИВИСТКАТА: Требаше да е стасан. Возот одамна пристигна. МАРГАРЕТА : Ме влечеш кај ќе ти текне, а ништо не ми кажуваш. Кого чекаме? Не ни прилега, женски сме. Требаше да испратиме машки. АКТИВИСТКАТА : Одлука е ние да чекаме. Машките ќе и паднат в очи на полицијата. МАРГАРЕТА: Не знам за никакви одлуки. АКТИВИСТКАТА : Еве, знаеш. Тешка е нашава работа, Маргарета. Револуцијата најтешко се изведува. Присуствуваш на историски пречек. Го чекаме Инструкторот на Комунистичката партија на Југославија определен во Македонија да ја дигне револуцијата МАРГАРЕТА: (Зинато гледа) Професионалец за дигање револуции... АКТИВИСТКАТА: Ретка привилегија. Професионален револуционер. Дури и такви кадри обучуваат Партијата и Сталин. МАРГАРЕТА: Ќе му кажам на Венко, ќе се изненади. АКТИВИСТКАТА: Полека. Венко уште е нејасен. (Доаѓа Инструкторот) ИНСТРУКТОРОТ: Простете, секогаш ли доцни по еден час возот од Белград? АКТИВИСТКАТА: Зависи дали е навреме вкрстувањето во Зелениково. ИНСТРУКТОРОТ: Нашиот воз стигна навреме. А вашиот? АКТИВИСТКАТА: Нашиот постојано доцни. ИНСТРУКТОРОТ: Активистката? АКТИВИСТКАТА: (Со радост) Да. Нашиот воз досега доцнеше, другар Инструктор. (Се ракуваат). Отсега и македонскиот воз со ваша помош ќе јурне заедно со сите. Добредојдовте во Македонија! Ви изгледа се е тука запрено, ништо не се движи. Сите чукаме со срцата за овој момент. Ова е Маргарета. МАРГАРЕТА: Среќна ви работа во Македонија, другар Инструкторе! АКТИВИСТКАТА: Девојката на Венко Марковски... ИНСТРУКТОРОТ: На поетот Венко Марковски? Одличен избор. Внимателно со него, премногу ни е потребен, Маргарета. Песните ги придвижуваат масите како локомотива. (Се појавува пред нив Хомункулусот со железничарска шапка, фенер и свирче во устата. Свири и мавта со фенерот. Се слуша звук на воз.) Мрак. Сцена 4. 4. ПРЕДВОЕНА РОМАНСА. Скопското корзо мегу војните. Фауст и Маргарета. ФАУСТ: Ајде да мрднеме... МАРГАРЕТА: Треба да одам. ФАУСТ: Сега ќе излезе цело Скопје на корзо. Пријатно е покрај Вардар... МАРГАРЕТА: Само до железниот мост. ФАУСТ: Од Камениот мост до железниот. Со месеци само те шетам. Девојка си ми или не? МАРГАРЕТА Ти процени. ФАУСТ: Те немам ниту бакнато. МАРГАРЕТА: До земање, нема бакнуење. Тоа е најважно? Јас сум добра девојка. ФАУСТ: Тогаш, биди добра со мене. Можеби ќе има војна па ќе останеш небакната. МАРГАРЕТА: Ете, сега бевме заедно в театар. ФАУСТ: Па сега мене ми глумиш, Ленче кумановче. Ако си подготвена бегалка да појдеш за мене, ајде уште вечерва... Те носам, прво... На колачи. МАРГАРЕТА: Преголем е изборот. Од која чета колачи? Ѓорѓи Скопјанче, Василие Трбиќ, Григорие Соколовиќ... Уште малку на секој Македонец во просек ќе му припаѓа по еден колач. Дотуркаа дванаесет илјади џандари и уште ќе носат. Внимавај каде одиш. Се плашам за тебе. (Доаѓаат Активистката и Инструкторот) АКТИВИСТКАТА: Другар Инструкторе, ова е Венко Марковски. ИНСТРУКТОРОТ: - А..Смрт фашизму! ФАУСТ: Смрт или слобода. ИНСТРУКТОРОТ: Каква чест. Најталентираниот македонски народен поет... Таква дарба само во вакво нежно окружување се развива. ФАУСТ: Не се жалам. Среќа е да си окружен со нашите народни песни. ИНСТРУКТОРОТ: И ангелот заштитник со вас не е за фрлање. Маргарета ви е вистински избор. ФАУСТ: Мој да, не знам за неа. (Се смее) АКТИВИСТКАТА: И таа истото би го рекла. ИНСТРУКТОРОТ: Партијата тоа го рече. Се совпаѓаат изборите. Нели, другарке Марга? АКГИВИСТКАТА Да. Партијата никогаш не греши. Нема сомнеж во нејзиниот вкус. ФАУСТ: Вљубен сум, но политички неопределен. ИНСТРУКТОРОТ: Тоа е единственото што ти фали. Да ја љубиш Маргарета е како да водиш љубов со Партијата. Тоа е апсолутна вистина. ФАУСТ: Во почетокот е љубовта. Поетското срце е лирска нимфоманка, колку да ја има, малку му е. И како партиска должност би ја примил љубовта од Маргарета. ИНСТРУКТОРОТ: Партијата може да ти го засити тој порив. Сите женски на скопсково корзо ако треба ќе бидат твои. Уште ја немаш сетено силата на Партијата... Нема цена што не би ја платила твојата дарба. ФАУСТ: Моите барања се поскромни. Задоволен сум само со Маргарета. (се смеат). АКТИВИСТКАТА: Твоја е. Ја имаш пред сведоци. Еманципацијата на женското прашање е едно од најкрупните за решавање на нашата партија. Никогаш ќе нема вистинска човечка еманципација дури не се воспостави вистинска еманципација меѓу мажот и жената. МАРГАРЕТА: Љубов по нарачка... ФАУСТ: Немам против, ми годи. А тебе?... МАРГАРЕТА: Не ми е лошо. ИНСТРУКТОРОТ: Твои желби, за твои песни. Тоа е противуслугата. АКТИВИСТКАТА Блазе ти на толку милување и од партија и од жена. На раце те носат. Ние заминуваме. Може да налета полицијата. ИНСТРУКТОРОТ: Ќе се видиме. (мавнува со рака). ФАУСТ: Чекај, уште не те видов, а во тебе се вљубив. Во почетокот, сепак е љубовта. ИНСТРУКТОРОТ: Во почетокот, сепак е ѕвездата. Низ мракот што не води. АКТИВИСТКАТА Црвената ѕвезда со срп и чекан. Таа е водилка на љубовта. Толку ли е тешко да се открие. Најочигледна апсолутна вистина. ИНСТРУКТОРОТ: Револуцијата ќе ги спои во едно. Љубовта со ѕвездата. Збогум! (Одат. Фауст останува зашеметен. Се слуша пиштење на воз. Ги затвора ушите. Вреска) ФАУСТ: Доаѓаат нова тура џандари. Само кога пиштат возови во Македонија можам да вреснам. Класна свест плус народниот јазик, ете ја пролетерската поезија. Оружје што ќе го менува светот. Апсолутна вистина што ја држам в раце. (Вреска Доаѓаат двајца српски џандари) ЏАНДАРОТ: Исправи, молам (Вториот џандар ја мерка Маргарета) ФАУСТ: Немам со мене ништо. На корзо сум, не патувам. ЏАНДАРОТ: За нарушување на редот и мирот морате да појдете со нас. МАРГАРЕТА: И вие сте некакви машки? Знаете ли што е љубов? (Го прегрнува Фауст и го љуби. И Фауст ја прегрнува. Џандарите стојат едно време, ги гледаат и заминуваат) ФАУСТ: Заминаа? МАРГАРЕТА: Се спасивме. Оние се ѕвереа во мене в театар. ФАУСТ: Ме спаси од сигурно апсење со бакнеж. Ама јас те бакнав? (Пак ја бакнува. Се појавува хомункулусот како продавач на цвеќе) ХОМУНКУЛУСОТ: Подарете му цвеќе на вашето цвеќе. (Маргарета и Фауст се стреснуваат) Мрак. Сцена 5. 5. СРЕДБА НА ПОЕТИТЕ. Фауст и Поетот на трамвајска станица во софиско предградие ФАУСТ: Ми изгледаш премногу разочарано. Депресијата не е својствена за пролетерски поет. ПОЕТОТ: Друго си ти. Објавуваш на големо. Мене ме бојкотираат. Раца не ме сака, ме остави. Ќе ја дочекаме ли револуцијата нешто да измени? ФАУСТ: Победата да ја дочекаме, таа ќе измени се. ПОЕТОТ: И да не ја дочекам победата не ми е жал да умрам. Неа ја отсонував. Револуцијата не можам никако да ја сонам, ја прескокнувам. Кога и да заспијам скапан од умор, победата ја сонувам. Качени на грнци, со Раца летаме над Македонија држејќи се за раце. Цел народ одоздола ни мавта и се радува. Колку е убава Македонија да ја надлетуваш. Мислиш не е истата земја секој ден што ја моделирам во грнци. Одозгора, целата е послана со килими, треви, а наместо цвеќиња петокраки. Потоа се будам, не можам да заспијам и се обидувам да пишувам. ФАУСТ: Тоа што го напиша досега одлично е примено во Партијата. Став е дека добро го сликаш животот на работникот. ПОЕТОТ: Се ме бојкотира. Можеби сум истеран од Партајата. Вртат глава кога ќе ме сретнат. И тоа можам да го издржам затворен в работилница. Неподносливо ми е што ме бојкотира јазикот. Пишувам и објавувам на бугарски и српски. Коминтерната и Сталин ја признаа македонската нација, а јас доцнам. Творбите не ми се вистинскиот одраз. ФАУСТ: Сталин ќе создаде нов свет, нов човек, нова култура. Сите поробени народи кај него имаат заштита. Зошто паничиш? (Папат цигари). ПОЕТОТ: Полесно ми е да извајам стомна за жедно грло на тутунар отколку да создадам песна. Немам зборови, јазик немам. Песните ми немаат сила, ми се виткаат како недопечени стомни. Полесно е да надам барут и куршум одошто зборови. Гледаш како е во Софија? Ни грнци прават, ни земја мешаат, имаат јазик поетите. Мајката нивна буржуаска, за се се во предност. Можат да пишуваат колку сакаат. Сталин не ни направи јазик. ФАУСТ: Се има кај Сталин. Препрочитај го внимателно. (Доаѓа Хомункулусот со кошница семки). ХОМУНКУЛУСОТ: Семки, молам, семки. ПОЕТОТ: Од кај ти се семките, бе? (Му подава пари) ХОМУНКУЛУСОТ: Од Повардарие. Благодарам. ПОЕТОТ: Одат често трамваите? ХОМУНКУЛУСОТ: Би требало, за пет минути. (Заминува во темнината). Семки, сончоглед, кикиритки... ФАУСТ: Јазикот на нашите песни е јазикот на копачите, рударите, селаните. Работните маси не знаат за книжовен, салонски јазик што е мртвило и декаденција. Ние нема да боледуваме со поезија, ние со неа ќе рушиме и создаваме нов свет, нова поезија. ПОЕТОТ: Сонувам ли?! Сон или реалност! Најпосле сонот на поетот-револуционер! Ја сонувам револуцијата со отворени очи! Добив збор-лек. Ти си маѓепсник, гениј. Македонски Фауст. Само да стигнам дома... ФАУСТ: Повардарието ти е прекрасно јазично подрачје. Имаш глина за поетското тркало да моделира. Здрава и пролетерска култура ни треба. Цврсти поети. (Се слуша ѕвонење на трамвај) Оттука до центарот имаш шест станици. Ќе се видиме наскоро. Ќе додам во Македонија. (Се прегрнуваат. Поетот се губи во темнината . Пред Фауст се појавува полицаецот ) ПОЛИЦАЕЦОТ: Венко Марковски, уапсен сте поради ширење комунистичка пропаганда. Не мрдајте! (Се слуша ѕвонење на трамваjот). Мрак. Сцена 6. 6. 3АТВОРОТ ЕНИ ЌОЈ. ПОЛИЦАЕЦОТ: За да ви врви робијата, пишувате. Граматака на македонскиот јазик пишуваш, за кого? ФИЛОЗОФОТ: За тебе. Нели си и ти Македонец. ПОЛИЦАЕЦОТ Полумакедонец. По татко. ФИЛОЗОФОТ: Ете, ќе читаш. ПОЛИЦАЕЦОТ: Немам такво намерение. Македонец сум од попа надолу. После ќе треба по тој правопис и јас да пишувам песни како другар ти. Кај е скриен да пишува? ФИЛОЗОФОТ: Му дојде на посета жена му. Утре заминува во санаториум, има туберкулоза. ПОЛИЦАЕЦОТ: Типична биографија на пролетерски поет . Касап, шивач, кондураџија, железничар, Ѕидар, грнчар, нежно здравје, невозвратена љубов и кус живот. ФИЛОЗОФОТ : Еден ден ќе се гордееме сите со него. ПОЛИЦАЕЦОТ: Ама, ќе биде доцна. Секогаш е така. ФИЛОЗОФОТ: Да му ја знаеш дарбата, поинаку ќе зборуваш. Болен го напиша епот "Орлицата". Генијално уметничко, партијно и пролетерско дело. Единствена иднина. И твоjа и моја. ПОЛИЦАЕЦОТ: Се најдовте поет и филозоф да си се фалите. Ем Македонци, па и комунисти. А бе, тенекеџии, со вас ли ќе се гордеат луѓето? Сега секоја будала пишува книги. Златна држава ќе ни заебете. Селани по ниви, работници по фабрики, комунисти в затвор, ако сакаш мир! (Доаѓа Фауст со бело шамивче на уста. Кашла) ФАУСТ: Очекуваме принова. И кажав за тебе. Ќе ни бидеш кум. ФИЛОЗОФОТ: Ние сме во немилост, но малото ќе живее во рај. Запамети, ако биде машко ќе биде Миле, ако биде женско, Милка. ФАУСТ: Господин старшија, вашето портмоне. Сте го изгубиле. ПОЛИЦАЕЦОТ: Сосе цела плата? (Гледа во портмонето). Не си ја украл? Толку да бидете добри? Ве апсев, ве малтретирам, а вие...тоа се пари од ваша мака. Кој знае, можеби сте вие спасот. Ме убивте со добрина. (Влегува Хомункулусот туркајќи казан со храна. Чука со кутлача на капакот). ХОМУНКУЛУСОТ: Ручек, подгответе ги чиниите. ПОЛИЦАЕЦОТ: Никако! Ви ставаат отров во храната. От сега јас се грижам за вас. ФАУСТ: (Кашла. Плука во шамивчето). ПОЛИЦАЕЦОТ: Црвено, а? Мрак. Сцена 7. 7. ОДЛУКА. Фауст на работна маса во болнички пижами. Расфрлани книги, глобус, череп. Потсетува на класичната фаустова сцена. Отвора книги, ги гледа и ги фрла. ФАУСТ: Војна е а револуцијата никако да ми ги спои љубовта со ѕвездата. Се вљубив на невидено, по инструкција. Живи скелети пожолтени како дуњи ми прават друштво дури плукаат. Војна е, а за Македонија и за мене ништо ново. Ти ја опевам револуцијата, а не би те препознал и да ми се јавиш. Поет сум, инженер на човечките души, а ти Инструкгор, производител на револуции. Марксистичка поделба на трудот. Во санаториумов не го чувствувам твојот производ, повеќе ја чувствувам смртта. Дали моите песни ги чувствува револуцијата? Можеби нема никогаш да ми се јавиш дури попусто те очекувам во вакви глуви ноќи кога сите живи трупови престануваат да кашлаат. Тогаш те опејувам, револуцијо! Во занесот на стиховите ги гледам твојот гениј и твојата лукавост. Ми се потсмеваш и криеш зад секоја буква. Сакам да те дофатам пишувајќи. Ми се јавуваш во најголем поетски занес и ми ги диктираш стиховите. Има ли поголемо предавство на сопствената муза? Цел живот те гледам во разни лица, зад сите ли ми се скриваш? Премногу пишувам за да бидам што повеќе со тебе. Ти не знаеш колку е тешко да се искашлува и да се опејува револуцијата. (Влегува Командантот). КОМАНДАНТОТ: Се силиш на зборови. Македонија е две години во војна, а ти... чисто предавство, другар Марковски. ФАУСТ: Дезертирав, не отидов во Бугарската фашистичка армија. Постојано ми се зад петици. Ви напишав илијадници стихови Зар не сум ваш? КОМАНДАНТОТ: Стихови на отпор од смрдливи болнички павилјони. Труеш на јод. На тебе ништо полетно. Партизанските војски со ред ти декламираат твоите песни. Народот се мобилизира на нив. Само да можат да те видат... ФАУСТ : Најубаво е да се претворам во песна. КОМАНДАНТОТ: Туберколозата не е посилна од револуцијата. Со нас ќе имаш од пиле млеко и се што ќе ти затреба. Ние сме здрави, ќе оздравееш покрај нас. Револуцијата нејќе уште еден пролетерски поет да замине предвреме. Народот сака лично да те види. Со него да чекориш во строј . Партијата не моли секого и несекогаш. Се сомневаш во чесноста на револуцијата? Се плашиш? Сега или никогаш. Утре ќе биде доцна.. Нашата епопеја мора да се опее. Беше едно време локомотива, влечеше, сега си сопирач. ФАУСТ: Не сум подготвен, другар Команданте. КОМАНДАНТОТ: Македонија е цела на нозе. Народната војска катадневно расне. Нема шума што може да ги собере. ФАУСТ: Убав стих, кажа убав стих. Не си свесен, стихови кажуваш. КОМАНДАНТОТ: Дојди, запишувај ги . Ние ја живееме поезијата, ти пишувај ја. ФАУСТ (Тргнува) КОМАНДАНТОТ: Стоп, стоп... Вака ли.. (Ја вади својата титовка со петокрака и му ја става на глава) Што убаво ти стои. И добар ама и убав поет има револуцијата. Мрак. Сцена 8. 8. РЕВОЛУЦИЈАТА. Партизани во шума. Пушки наредени по три на купи. На груба маса активистката, партизански облечена, стои пред машина за чукање. Инструкторот, исто во партизанска униформа пред наредени војници. Пред него селанец. ИНСТРУКТОРОТ: Кај ти е заробеникот? СЕЛАНЕЦОТ: Ми побегна, другар инструктор. ИНСТРУКТОРОТ : Како ти побегна? СЕЛАНЕЦОТ: Посилен беше, млад човек. ИНСТРУКТОРОТ: Имаше ли оружjе? СЕЛАНЕЦОТ: Незгода е во свој човек. Селани сме. ИНСТРУКТОРОТ :Имаше ли оружие? СЕЛАНЕЦОТ: Да. (Го покажува пиштолот) ИНСТРУКТОРОТ: (Му го зема пиштолот) Можеше ли да му направиш вака? (Му пука во слепоочница. Селанецот паѓа) КОМАНДАНТОТ: (Се затрчува кон инструкторот) Најостро ти забранувам такво однесување! Нашите редови треба да го привлекуваат народот, не да го убиваат! ИНСТРУКТОРОТ: Кој народ?! Овој грст гад без потреба преплашен за својот газ?! Народ?! Како да не знам во каква состојба ве најдов. КОМАНДАНТОТ: Отпорот во Македонија се организираше и пред да бевте вие овде! ИНСТРУКТОРОТ: Кој го организираше отпорот? Шарло Шаторов, Бојан Балгаранов, или имате уште некој бугарски инструктор? КОМАНДАНТОТ: И тие се исти инструкгори како ти! ИНСТРУКТОРОТ : Не сте способни сами да се организирате. Дури не ги истеравте бугарските инструктори. Македонија дремеше и сонуваше бугарски ослободители. КОМАНДАНТОТ: Во принцип, инструктори ми пречат. Не дозволувам такви навреди за народот. Нема вечно да спроведуваме туѓи инструкции. Имаме свои луѓе. ИНСТРУКТОРОТ: Ме бркате? Не сум ви потребен? КОМАНДАНТОТ: Не колку што мислите. ИНСТРУКТОРОТ: Добро, повелете, ајде на братска прегратка со своите браќа по крв Бугарите ве чекаат со раширени раце. Јас ви пречам за таа прегратка. Став на Партијата и другарот Тито е дека сами не можете да го водите востанието. КОМАНДАНТОТ: Тој е твој став. ИНСТРУКТОРОТ: Да За се е информиран другарот Тито и наполно се согласува со моите заклучоци. Имаш ли против?(Го вади пиштолот) Имам негово лично одобрување да пукам во секој колеблив шарловист кој го сопира востанието. Не работам ништо без наредба! Барам детален список на сите поединци кои биле во каков било контакт со Бугарската Комунистичка Партија! Овде ќе нема никаква војна дури наполно не се затворат вратите на Софија и бугарските комунисти. АКТИВИСТКАТА: Има право другарот Инструктор. Тој не разбуди од вековните заблуди и не извади од прегратките на бугарскиот шовинизам. Со него партизанското движење се прероди. Ние, другари, сме пресреќни што мегу нас е најмилиот брат, најдобриот оперативец на Балканот Ние мораме да имаме самокритика кон нашите буржоаско-националистички остатоци од минатото што толку зло му донесоа на нашиот народ. Мораме јавно да се искритикуваме и самоискритикуваме, другарски и партиски. Да почнам самата од себе, другари. На сите ви е познато дека потекнувам од познато прилепско вмровско семејство и тоа знам дека ми е голема дамка во мојата биографија. Но, јас, еве лично давам комунистичка дума на свои плеќи во слободата ќе го носам прилепскиот тутун до Белград. КОМАНДАНТОТ: Твоето семејство е за нас гордост само не за тебе, а прилепскиот тутун ќе остане тука, и се што е наше! ИНСТРУКТОРОТ :Наредувам на една страна сите борци што додоа в партизани со посредство на БКП, а на друга сите што додоа како членови на КПЈ! АКТИВИСТКАТА: (Застанува на една страна сама) Уште не можете да се одвоите од Шарло? Мора да ве извадиме од неговоте прегратки со сите методи. КОМАНДАНТОТ: Зарем малку беа досегашните судири со бугарските фашисти? ИНСТРУКТОРОТ: Други, други... кој ќе се приклучи? КОМАНДАНТОТ: Тртете го трупов (Двајца партизани го извлекоа трупот) Не дозволувам таква делба на борците во мое присуство. Овде премногу се делбите. Ако не ти се допаѓа, можеш да се вратиш слободно од каде што си дошол! Пролетери од сите земји се обединуваат, само Македонците ги разделуваш. Тоа ли се твоите специјални методи и овластувања?! (Пауза. Тишина Влегуваат Фауст и Маргарета облечени партизански со рулче в раце кај Маргарета.) ПАРТИЗАН 1: Венко Марковски?! ПАРТИЗАН 2: Нашиот пролетерски поет! (Сите одат кај него) КОМАНДАНТОТ: Ете, кој не обединува.. ВЕНКО: Не обединува поезијата, другари. (Прегратки со партизаните). ДИРЕКТОРОТ: Каква чест. Не ме познавате? МАРГАРЕТА: Како не, директоре. ДИРЕКТОРОТ: Прочуен поет, гордост национална. Кој веруваше? Само јас. Нема кој не те чита и рецитира. Јас предвреме те прочитав (Се смее) И не погрешив. Почнавме како непријатели, а сме биле на иста страна. Нема кој веќе да не раздели. Моите врели шлаканици малку придонесоа во развојот на нашиот гениј. Ха, ха... ФАУСТ: Не сте ни свесен колку ми влијаеја, ви благодарам. Уште ги чувствувам на образи. ПРОФЕСОРОТ: Ништо не било попусто, дури ни шлаканици. По војнава ќе отвориме во Скопје факултет и кога ќе предавам за твојата поезија, ќе им ја кажувам на студентите нашата случка. Ха, ха... (Почнува да оди) ФАУСТ: Што ќе предавате таму, господин директоре? ДИРЕКТОРОТ: Македонски јазик и литература. АКТИВИСТКАТА: (На Маргарета) Мораше ли и дете да носиш в партизани?! МАРГАРЕТА Мое е, и ќе биде со мене. КОМАНДАНТОТ: Веќе нема оставање на свои деца во туѓи раце. Револуцијата не ги јаде своите рулци. ФАУСТ: Ни ги јаде своите синови. ИНСТРУКТОРОТ: Што значи по некој мртовец од наши редови при раѓање на огромен нов свет. Револуцијата, другар Марковски, не знае за сентимент...како поезијата. Утре имаме тешка борба, но вечерва мора да ја презреме смртта. До вечер ни требаат три песни, два марша и еден скеч. Културно издигнување. Парче да ги направиш буржоазијата, селанството и предавничката интелигенција. ФАУСТ: Разбирам. (Поздравува војнички) (Се слуша оддалеку: СТОЈ, СТОЈ, СТОЈ ЌЕ ПУКАМ и се слуша истрел. Со трчање доаѓа војник). ПАРТИЗАНОТ: Загина Кочо Рацин! ФАУСТ: Не, не е загинат Кочо Рацин. Отиде да се качи на грнец да не облетува. Не, него не го погоди никаков куршум, тој вечно ќе ни кружи над главите, така најубаво му изгледала Македонија. Одозгора и ние ќе му бидеме поубави. Гледајте го, ене го! Ти го продупивме, Рацине, само грнецот недопечен низ него да ни истечеш во поезија. Со поезијата твоја постојано ќе си ги миеме рацете како Пилат по пресудата на Христа. (Сите рацете ги мијат напразно. Почнува да плаче рулчето во рацете на Маргарета) Мрак. Сцена 9. 9. РАЃАЊЕ НА ХОМУКУЛУСОТ. ФАУСТ: (Држи говор) Драги борци, македонски герои! Буржоаската пропаганда по градовите шири невистна и лаги дека ние во шумите знаеме само да пукаме и во пазувите да се требиме од вошки. Ние се бориме, но во слободното време, глумиме, пееме, се разонодуваме. Тие не знаат дека ние овде имаме високоорганизиран културно-просветен живот преку кој се воспитуваме и подготвуваме за слободата. Вечерва ви ја прикажуваме едночинката 'Раѓање на новиот човек' која силно ги покажува нашите идеи и тежненија. Активистката расчекорена за пораѓање. Околу неа партизанската болничарка. БОЛНИЧАРКАТА: Запни, запни колку што можеш. Планинава да се стресе. АКТИВИСТКАТА: Не можам повеке, омалаксав цела сум пот (Стенка) Ми ја зеде цела сила. БОЛНИЧАРКАТА: Не може секој ова да го роди. Не раѓа лесно мајка Македонија. ВЕНКО: Се тресе Шара, и Пирин вишен, Вардар и Пчиња, Марица шуми. АКТИВИСТКАТА: (Во стенкање) Не Марица, коњу еден, на Марица Бугари се тепаа. Ајде, ајде, црева, епрувети, шприцеви што чекаш, краво eдна, арслан треба да родам Инфекција, инјекција, дезинфекција, протекција, детекција. БОЛНИЧАРКАТА: Шири, шири ги нозете. Убаво рашири ги. Наопаку ти е плодот. Криво направен, лошо поставен. АКТИВИСТКАТА: Како сакаш да е поставен? Правен по шуми и лисни гори, по грмушки и чуки. ќе видиш кога ќе се роди. Светот ќе се стресе, Балкан ќе се степа, војни ќе дели. Мил мој на мајка. ќе го растргаат ко нафора. (Стенка) Не е тој од еден татко, на меки перници в меки постели. Цел е по диктат, по мерка и број, по нарачка, од новижи, мил на мајка. ФАУСТ: Гневни бури вијат в Олимп, Вардар в мака скаменал, молња кине Драмско поле душманот го ужас збрал. БОЛНИЧАРКАТА: Слобода на жената, ослободена од ропските стеги, пораѓам дете на слободна коминтерновска љубов. Мрдај, мрдај, така, треба крв,крв ти треба, да закрепне мајката, цел народ на нозе го чека. АКТИВИСТКАТА: И порано ќе го родев, немавме бабици за асол. Многу бабици-деца килави. Ништо без Коминтерна. ФАУСТ: Заби стиснал в тупаници му раце пречки за нас в светот нема, бојот ни е другар прв, стреа ни е братска земја слободата - наша крв. АКТИВИСТКАТА: Така, така... Поезија, браќа, поезија, полесно ќе ми излезе со рецитација. Леле што јазик го чека, леле што среќа лека... Ако бол ме мори, породот ме штрека... ФАУСТ: Ќе забраниме народот да збори како што збори. Нему зборот со векови му е за клетва, тажачки и солзи. Нов јазик за новиот народ! Нова облека во нова куќа. Нов народ во нова држава. ќе зборат во рима, ќе се обраќаат со поезија. Секој ќе биде во Македонија поет... БОЛНИЧАРКАТА: Еве го. Излегува. Уште малку, уште малку. Воденикот пукна. (Излегува џуџе со лик на Сталин, со мустаќи типично Сталинови, во војничка униформа. Шета на сцената со тупаница на слепоочница, поздравувајќи). АКТИВИСТКАТА: Мајкин мој, јунак мој. Цел татко. Плукнат. Речи, гу гу. БОЛНИЧАРКАТА: Не знае да збори. ХОМУНКУЛУСОТ: (Нешто шепота) ФАУСТ: Јазичната комисија уште му нема направено јазик. АКГИВИСТКАТА: И тоа ќе биде, сине мој. Подобро молчи, отколку да ми збориш селски. ФАУСТ: Аjде повтори по мене. Јас сум мало Македонче, родено во бој, ќе израснам силно, ќе чекорам в строј... ХОМУНКУЛУСОТ: (Тупотисилно маршира) АКТИВИСТКАТА: Така син мајкин удри. БОЛНИЧАРКАТА : Ко мало ми е. ФАУСТ: Се роди, ќе го чуваме. Го прогласувам за национален празник неговото раѓање. АКТИВИСТКАТА: Дојде директно од Античка Македонија. Роднина на Александар Македонски. ФАУСТ: Од Пела, Постол, од Филипопол. АКТИВИСТКАТА: Не ти иде рима? Филипопол со што се римува? ФАУСТ: Со кол, со стол. АКТИВИСТКАТА: Ете, од кол на кол, до Филипопол на престол. ФАУСТ: Не звучи лошо. Мрак. Сцена 10. 10. АСНОМ. Пред влегување во конакот на свечената сала каде што се одржа Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински. Командантот, Фауст, Активистката, Инструкторот, Јазичарите, Партизани, Делегати. Поздравувања, прегрнувања, честитки. ФАУСТ: Команданте, да влеземе. Пристигнаа сите предвидени делегати. ИНСТРУКТОРОТ: Обраќајте му се со другар претседателе. Ќе го изберете за прв претседател на АСНОМ. ФАУСТ : Така реши народот. Смета, со него ќе му биде најубаво. ИНСТРУКТОРОТ :Му честитам на народот на заблудата. Сепак, верувам во него. Набрзина ќе увиди. КОМАНДАНТОТ: Внатре се тие што го претставуваат народот. Во нив имал доверба. Можеби и овој пат ќе барате да се изјаснат кој е во заблуда кој не. Денес нема да ти дозволам. Можеш само да гледаш. АКТИВИСТКАТА: Му забранувате на најголемиот организатор на нашето востание да влезе во свечената сала? Тоа е невиден срам за нашиот народ! Историјата ќе се срами од овој чин! КОМАНДАНТОТ: Може само да присуствува и слуша. Денес зборува народот. Втори август и Гоце Делчев не ни дозволуваат да работи народот по инструкции. Македонија сама решава за својата судбина за сите три распарчени делови. Со овие заклучоци ќе одам кај Тито на Вис на преговори како државник со државник. За се е информиран и се му е пренесено, мој инструкторе. Се сменија работите. Народот ја зеде судбината во свои раце. ИНСТРУКТОРОТ: Ако е така, со среќа. Штом не ми дозволува Илинден и неговите херои. Не сум навикнат да бидам пасивен посматрач. Такви и онака имате доволно. Не тревожете се, другарке Марга. Ова не е единствениот влез за историјата. Ги има многу, а има и многу излези. Вие влезете спокојно. (Влегуваат. На сцената останува Инструкторот, Се слушаат аплауз, камбана со весел звук и "Денес над Македонија".) Мрак Сцена 11. 11. 7.11.1944 г. СОЗДАВАЊЕТО НА СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. На маса седнати јазичарите. Јазичарот I професорот и партизанот I, а јазичарот II е од првата сцена, директорот и партизанот II, командантот, Фауст и активистката. Зад нив има ученичка табла со испишана азбука со креда со која се служиме денес. Пред нив на постамент наметнат со црно платно, е поставен апарат за сликање. КОМАНДАНТОТ: Македонската држава - дело на Тито, армијата и Комунистичката партија, треба допрва да се утврдува културно и јазично. Но, благодарение на Комунистичката партија, која во денешната гигантска борба прва го дигна знамето за борба против окупаторите и слободата на поробените народи и за слободата на македонскиот народ, благодарение на далековидниот наш, мил Маршал Тито и на нашата македонска вера по историскиот АСНОМ ние денес имаме своја држава. Разбира се, за да биде еден народ културен, потребно му е културно развитие, а тоа не може да стане без писменост, без азбука. За да се одржи еден народ во денешнава борба на културните народи, тој треба да се утврди како народ, на таков начин што на површина ќе се издигнат оние особености кои го карактеризираат како народ. Затоа, денес треба да ги поставиме основите на нашата писменост и книжевност, откако ќе ја установиме македонската азбука и македонскиот литературен јазик За исполнување на таа задача -треба, значи, да се раководиме од интересите на нашиот народ и интересите на целата заедница во која се наогаме, од интересите на Федеративна Демократска Југославија. Од ова место сакам да ве поканам да викнеме: Да е жив водачот на Демократска и Федеративна Југославија Маршал Тито! (Сите стануваат Да живее!) Да е жива Комунистичката партаја која ни создаде можност да се собереме тука! (Пак стануваат Да живее!) Слабо. Уште еднаш. (Сите стануваат. Да живее!) Е, ова е добро. Сега набрзина донесете ја азбуката и да влеземе, најпосле меѓу сите културни народи на историјата. (Заминува) ЈАЗИЧАРОТ: Треба многу да внимаваме да не направиме некоја грешка. Животот е поважен од теоријата. Ова што работиме е многу големо, но граматиката не е поважна од животот. Според мене, подобро да направиме некоја грешка во граматиката, отколку во животот. АКТИВИСТКАТА :Да измислиме нови букви е тешка работа. Ако ги земеме српските букви, нашиот јазик пак ќе си остане македонски. Самото време ни налага да ги земеме тие букви, со нив ќе имаме Југословенска азбука. Ова е подготовка за создавање понатаму на еден југословенски јазик. ФАУСТ : Не може да има Југословенска азбука, тоа е нереално, нашиот народ и досега бил народ, но јазикот му бил неоформен. ЈАЗИЧАР II :Од Југославија ќе имаме непријатности другари. Подобро да си ги земеме српските букви, отколку бугарските. Тоа не ни пречи. (Влегува фотографот) ФОТОГРАФОТ: Готови ли сте? ФАУСТ: Не, сега почнавме. ФОТОГРАФОТ: И, мајката За една азбука, требало толку време. Кој сака да учи, и без неа ќе научи. Ајде побргу (Ја пика главата под платно, ја вади и излегува) ЈАЗИЧАРОТ II: Немаме време да се прави нашиот јазик. Исправени сме пред прашањето да имаме литературен јззик. Не можеме да чекаме тој да се прави од поети, книжовници и журналисти (Гледа на саат). Истрошивме веќе два часа и петнаесет минути. Во далечна иднина ќе се создаде општ славјански, не само југословенски јазик. Тоа ќе биде рускиот јазик. ЈАЗИЧАРОТ 1: Ако ние Македонците кои немаме досега литература и литературен јазик, и не сакаме да се откажеме од своето, како ќе се откажат Србите и Бугарите? Рускиот ќе се наложи поради широката руска душа. (Сите слушаат занесено. Пауза) ФАУСТ: Во нашите думи слушам еден призвук на темниот вокал. Тоа го има во нашите говори? ЈАЗИЧАРОТ II: Не, не, го нема. ФАУСТ: Го има . Како ќе пишеш срце, дрво, брзо. Имињата не ќе можеме да си ги напишеме. ЈАЗИЧАРОТ II: Го има, ама малку се слуша. АКТИВИСТКАТА: Тоа е остаток од бугарските говори. Јас сум за тоа и буквата Б да ја исфрлиме. Тогаш, со сигурност нема да мирисаме на бугарштина. ФАУСТ: Но, ќе заличиме, ептен на будалштина. (Влегува фотографот) ФОТОГРАФОТ: Уште не сте готови?! Одам јас! Го носам апаратов. Утре треба да излезе "Нова Македонија" со ваша слика, а вие намерно ја сопирате работата на весникот. Сами ќе одговарате. АКТИВИСТКАТА: Е, е, немој толку со силно. ФОТОГРАФОТ: Како немојте, другарке Марга? Застанете пред таблата да ве сликам со азбуката за историјата, па продолжете да правите азбука. Чекаат државни делегации за фотографија. Нашата историја доволно се начека. (Сите застануваат пред таблата, седнати, замислени, сериозни) ФОТОГРАФОТ: Врапче! (Се насмевнуваат само со устите) Не смејте се! Нема "врапче", сега сериозно, а среќно, имате азбука. Земете воздух и испуштајте, ааа не, не, многу сте зината Б,б,б,б (Сите земаат силно воздух, надуени се) Пуштајте. (Испуштаат) Аааааа (Светнува апаратот) Мрак. Сцена 12. 12. СЛОБОДАТА. Се слуша шумење на вода. Гласови на птици, тивко. Инструкторот и активистката излегуваат на сцената. Ги врзуваат ремените на панталоните. АКТИВИСТКАТА: Водава уште е топла. Не ми подникна кожава кога се замивав. ИНСТРУКТОРОТ: Пријатна есен. Најпријатна. АКТИВИСТКАТА: Закопчај го шлицот. Слобода им носиме, најубавото. Само ние убаво не изгледаме. ИНСТРУКТОРОТ :Прекрасна си. Се има на тебе, зрела, јадра како есен. АКТИВИСТКАТА: Но, неродна. ИНСТРУКТОРОТ: Револуцијата ќе се погрижи за тоа, другарке Марга. Ви давам чесна комунистичка дума. АКТИВИСТКАТА: Комунистичка дума? Четири години го слушам тоа .Треба да стиснеш заби, да запнеш. ИНСТРУКТОРОТ: Условите се такви. ќе прикрцка в грмушка, мене ми се собира. Да не се фашисти. АКТИВИСТКАТА: Постојано ти се собира. Револуцијата не е плукни- залепи. Како ке одиме мегу народот да им однесеме слобода? Искасана од болви, неугледно облечена, не ми обезбеди ни коњ. ИНСТРУКТОРОТ : Не е се до коњот, другарке Марге. Носиме слобода. Треба да одржиме прв говор пред народот во слободата. Не идеме од свадба, од војна. АКТИВИСТКАТА: Сите војски што влегле во Македонија не ветувале по изгледот, но водачите секогаш им беа на коњ. ИНСТРУКТОРОТ: Не очекуваат нестрпливо. АКТИВИСТКАТА: Не очекуваат на бели коњи, коњу еден. Водачи сме на народната војска ќе изгубиме секаков авторитет ако им подеме пешки. Овој народ почитува и се плаши само од коњаници (Пауза) (Се појавува крупен поп во мантија. Изненаден е од средбата. Збунет е. Му се нафрлаат активистката и инструкторот) ИНСТРУКТОРОТ: Каде?! ПОПОТ : По риба. Посно е. АКТИВИСТКАТА: Ти и во петок мрсиш, затоа си толкав. Да видам колкав си? (Го фаќа меѓу нозе) Леле колкав си. Па тврд. ПОПОТ: Тоа е клучот од црквата. АКТИВИСТКАТА: Се во погрешни цркви се молам. (На инструкторот) Гледаш ли што е клуч? Калауз за сите дупки. ПОПОТ: Ако за бога знаете, петок е. АКТИВИСТКАТА: Клекни! Урда ми се здојаде во петок. ИНСТРУКТОРОТ: Клекни. (Го удира во тил) ПОПОТ: (Клекнува Марга му се качува на попот на вратот) ИНСТРУКТОРОТ:Браво, другарке Марга! Вистински коњ. Да повежбаме јавање. АКТИВИСТКАТА: Да. (Го удира по слабина Попот трча, врти еден круг на сцената Активистката на него вреска) По убаво било да јаваш поп од коњ! ИНСТРУКТОРОТ: Влези на него во масите. АКТИВИСТКАТА: (Попот трча, по неа инструкторот клинка. Доаѓаат на работ на сцената пред гледачите) Македонски народе! Доде денот на твојата очекувана слобода со векови. Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и генијалниот водач Сталин и Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, го направија она што со векови никој не можеше да го направи! (Се појавува на сцената народ со знамиња, извици од радост. Влегуваат и Фауст, момци и девојки со знамиња на СССР, Југославија, Македонија. Цвеќиња, извици, истрели, ора...Активистката ја симнуваат од плеќите на попот, ја дигаат на раце. Прегратки, честитки... Во средината на орото е попот, се удира од еден во друг). ПОПОТ: Второто пришествие, луѓе, доаѓа второто пришествие! (Ја вади капата) Апокалипса, илјаца деветстотини и... Се отвора небото. Погледнете! Христос доаѓа. АКТИВИСТКАТА: Умри, контрареволуционерна сило! Долу опиумот на народот! ГЛАСОТ ВО ОФФ: Зборува Радио слободна Југославија, зборува радио слободна Југославија! Емисија на македонски јазик. Македонски народе! Денот на твојата со векови очекувана слобода дојде. Македонија е целосно ослободена од народните војски под водство на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз и генијалниот водач Сталин и Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Слободата ни пристигна. Нека ни е честита и вековита, Излезете, радувајте се, честитајте си ја слободата и помагајте во организирањето на народната власт, До нашето следно јавување од Скопје, од слободна Македонија, безброј топли честитки од Москва и од братскиот Советски Сојуз! (Партизански-руски марш. Народот се повлекува. Остануваат инструкторот, Фауст и активистката. Донесени мажи и жени врзани за раце седат на колена). ИНСТРУКТОРОТ: Добри вести. Одлично. Од затворот излезе Лазар Претседател I, ќе имате прекрасен човек. Сега дури можам да заминам од Македонија со полн успех. АКТИВИСТКАТА: Никогаш македонскиот народ нема да ви ги заборави вашите дела. Простете ни одредени наши пропусти. Вие сте толку широк човек, вашата природа може да го стори тоа. ФАУСТ :Народот веќе избра легално свој водач, за каков водач зборувате? ИНСТРУКТОРОТ: Јас избирам во име на народот. ФАУСТ: Во војна инструктори, во мир водачи. ИНСТРУКТОРОТ: Подобро би ти било да пишуваш некакви песни, наместо да се пикаш кај што не ти е местото. Имаме доволно докази за твоето поведение во војната . ФАУСТ: Какви докази? АКТИВИСТКАТА: Твоите песни пред се! Фалеше и бугарски и грчки комунисти. ФАУСТ: Фалев и српски и руски комунисти АКТИВИСТКАТА: Подобро молчи Пишуваше паралелно и на македонски и на бугарски. Малку ли е тоа? Војниците јадеа кореньа и лисја, а тебе те чувавме како бубрег во лој. ФАУСТ: Точно е, имаше разлики мегу нас Ви бев потребен и вие за тоа решававте Вие делевте. И вам не ви недостигаше ништо. Не прегладнувавте премногу. АКТИВИСТКАТА : Ние крвавевме, а ти се бавташе со поезија. Во нападот на тифус на Караорман жена ти своето дете го фрли во снегот. Ние ти го спасивме. Прими го и ова како рака на спас. Ти си наша партиска рожба. Партиска задача ни е да им помагаме на свои луге, каде што се може. Творбите што ти ги печатевме за овие четири години се со бугарски ер.Тоа под итно треба да се прегледа и да се дистанцираш од тоа творештво. ФАУСТ :Да се дистанцирам од моите песни, од себе? Утре ќе барате однапред да се откажам и од ненапишани стихови. ИНСТРУКТОРОТ: Премногу емотавно примаш, брате. Ти си поет и тебе никогаш премногу сериозно нема да ти ги земе грешките Револуцијата. Добро, ете, имаш напишано песна со посвета и за мене. Партијата е доволно широка одредени работи да ти прости. Имаш сериозни застрануванија и точка. Тоа нема да се преобјави, ке се заборави само по себе. Ти остануваш и понатаму државен поет со сите погодности што ти следуваат. Може оваа држава да истрпи еден непослушен син. Сами те галевме, сами ке те трпиме. Сега во слободата си ни уште попотребен. Но некои работи уште не си разбрал. ФАУСТ :Не знам дали некогаш и ќе ги разберам. АКТИВИСТКАТА: Другар Венко, ти си доволно умен во некои текстови тоа да го образложиш Несвесно скршнување од линијата штетни песни. Партијата и Македонија дури сега ги очекуваат твоите најубави творби. Ти треба ли нешто, стан, послуга? Најубава кука на скопските богаташи ќе ослободиме за тебе. ГЛАС: Ке одиме на Солун! Солун е наш! ГЛАС: Не е, на Срем, на Срем ке одите, другари! ГЛАС: Егејските бригади не чекаат на граница, тие нам ни помогнаа! ГЛАСОВИ: Така е! ИНСТРУКТОРОТ: Што се случува тоа! Веднаш провери! АКТИВИСТКАТА: Разбирам, другар Инструкторе (Излегува) ИНСТРУКТОРОТ: (На врзаните маж и жена) Зошто сте вие тука? ВРЗАНИОТ: Вие знаете,господине. ИНСТРУКТОРОТ: Не знаете зошто сте уапсени? ВРЗАНИОТ: Не чуваат со недели врзани, а не ни судат. ИНСТРУКТОРОТ: Веќе ви пресудија. Адвокат сте, ние така судиме. Близок соработник на окупаторот и на Ванчо Михајлов (Им ги одврзува рацете на двајцата) Пресудата е слобода. Смрт или слобода, вмровски соништа. Имавте можеби интимни односи со вашиот водач? Ха, ха.. ВРЗАНИОТ: В канцеларија пред една година ми доде ваш човек и ме канеше да дршам в партизани. ИНСТРУКТОРОТ: Точно е. Како угледен граѓанин ни требавте во нашите редови. Зошто не дојдовте? ВРЗАНИОТ: Не сум комунист. По убедување сум демократ, се сомневам во револуционерните методи. ИНСТРУКТОРОТ :Тоа за вас не е предавство, господин адвокате? ВРЗАНИОТ: Ако ви требав пред една година, како станав предавник така набрзина Ако имам дело, судете ме ИНСТРУКТОРОТ: Немате дело, одврзан сте и ова е револуционерен метод (Влегува Активистката) АКТИВИСТКАТА: Се побуни војската! Сака на Солун, не на Срем! Откажува послушност! Излегоа од Кале и одат на плоштад. Истото се случува и во касарните во Велес и Штип Организиран бунт! ИНСТРУКТОРОТ: Михаило Апостолски на центар во Скопје да сдржи политички говор пред војската. Денес е Божик. Тоа да се искористи како митинг пред народот. АКТИВИСТКАТА: Апостолски е со војската. ИНСТРУКТОРОТ :Пренеси му веднаш! Како знае да ги врати војниците в касарна Никакви насилства пред народот Ти ке одиш прво во Велес. На Јефто Шашиќ ќе му пренесеш, во се што е за Солун да стрела А ти ќе одиш за Штип и таму ќе го средиш истото. АКТИВИСТКАТА: Ќе имаме проблеми Утрово добивме наредба од Белград да се забранат сите насилства што ги прави народната власт и војската. ИНСТРУКТОРОТ : Строго постапувај како ило ти наредувам! Ке речеме еден ден со задоцнување ја примивме телеграмата Лично ми одговараш за целава ситуација! Ти повторувам, никако не смее да се изгуби контрола на војската! АКТИВИСТКАТА: Разбирам! (Заминува) ИНСТРУКТОРОТ: (Го вади ременот со пиштолот во футрола и го става на земја и ние нешто разбираме што е демократија, господин адвокате . Ја фаќа за рака жена му и ја тегне со себе) ВРЗАНАТА: (Се опира) Не мојте, господине, ве молам. (Излегуваат) ВРЗАНИОТ: (Го вади пиштолот од футролата и си пука во слепоочница. Фауст стои скаменет. Влегува командантот со врзани раце, зад него со вперена пушка го води Хомункулусот) КОМАНДАНТОТ: Среќен Божиќ, во независна Македонија, Венко Марковски! ФАУСТ: Фауст се роди, другар Команданте. КОМАНАНТОТ: Вистина се роди. Отиде сонот за целосна, самостојна и независна Македонија. Се е готово, Венко Марковски, се е попусто. (На сцената се појавува Инструкторот) Мрак. Сцена 13. 13. РОБИЈА. Голи Оток. Се крши камен и се носи во бели блокови мермер. Се слушаат галеби, бранови и чукање на камења. Командантот е легнат, над него иследникот. Главата на командантот му ја става во брашно, го задавува. Се дига прав од брашното. ИСЛЕДНИКОТ: Пропеј, бандо, признај, сакаше да бегаш за Америка! Прв претседател на Македонскиот парламент, империјалистички шпион. КОМАНДАНТОТ: Вода дај ми, татко можам да ти бидам. ИСЛЕДНИКОТ: Ти, татко, такви татковци. Ова момче секој ден го претепува татка си за да се докаже пред Партијата (Доаѓа Фауст со количка) ФАУСТ :(Клекнува, му помага на истоштениот командант) ИСЛВДНИКОТ: Банда и пол. Национален водач и национален поет. (Вади писмо за Фауст) Жена ти се откажува од тебе. (Фауст не го зема писмото) Подобро што не читаш. (Го чита) Не претполагав дека имам толку долен човек. Заборави ме и не очекувај од мене писма. ФАУСТ: (Фауст го зема и го кине писмото) Кој круг од пеколот е овој остров на смртта, господи? ИСЛЕДНИКОТ: Ова е вашето чистилиште, нацонален поету! Треба да пропееш! (Оди зад сцената и води двајца затвореници, стар и млад, татко и син) ФАУСТ: Нема стихови за оваа поезија. ИСЛЕДНИКОТ: И јас сум поет. Навечер пишувам нежни стихови. Од објавените песни ќе ти донесам . Ме опушта пишувањето по напорнава работа . Не предвиде дека и овде ќе се сретнеш со колега. ФАУСТ : Предвидов, штом заиграв со вас. Само ќе морам да доиграм. ИСЛЕДНИКОТ : Труди се. (На доведените) До каде стигнавте? ЛИТЕРАТОРОТ : Призна, другар иследник. Призна . Признај, пичка ти мајчина! Ти ме зарази со Сталин. Признај! Дома носеше негови слики. Плачеше и слушаше радио Москва. ТАТКО МУ: (Целиот е крвав) Признавам, синко. Да речеш ти си ми татко, ќе признам. ИСЛЕДНИКОТ: Го познаваш ли овој човек? (Со стапот го подбуцнува Фауст) ФАУСТ: (Ја дига главата, наведнат над командантот) ЛИТЕРАТОРОТ: Венко Марковски. Легендарниот наш поет. ИСЛЕДНИКОТ: Ти, го познаваш ли? ФАУСТ: Така. Од младите што ветуваат. ЛИТЕРАТОРОТ: Ве молам, другар иследник, не барајте да го тепам својот литерален идол. ФАУСТ: Има време, ќе ме тепаш. ЛИТЕРАТОРОТ: Никогаш не ќе кренам рака на мојот идол, никогаш. ФАУСТ: штом веке си кренал рака на татка ти, јас се ќе ти простам. ЛИТЕРАТОРОТ: Немојте такви тешки зборови, другар Марковски (Плаче) ФАУСТ: Смири се, ајде смири се (Се слушаат галеби и бранови) Мрак. Сцена 14. 14. ИМПРЕСИИ ОД ИЗЛОЖБАТА. Маргарета, дома, со престилка е. Влегува Миле, дете на десетина години, излигавен. МАРГАРЕТА : Што ти е Миле? Што си станал таков? МИЛЕ : Ме плукаше цело училиште Во музеј гледавме изложба за нашата револуција. Мене ме застанаа кај предавниците, под сликата на тато Венко и сите со ред плукаа на мене. МАРГАРЕТА: За тоа ли се плаче, злато на мајка, ништо нема ќе те искапам, ќе ти ги сменам алиштата и пак ќе ми бидеш чист (Клекнува и го прегрнува) МИЛЕ: Нели, мамо, јас не сум син на предавник? МАРГАРЕТА : Не, мило на мајка, каков предавник. Татко ти не е предавник. На море е, ќе доде облечен морнарски Сум ти кажала зарем еднаш! МИЛЕ: Ноќеска го сонував тато во морнарска униформа Со капата ми мавташе од бродот, беше во бело, со сина јака и два реда златни копчиња на градите В очи ми светеа копчињата па подмижував. Кога се опулив, заминал. Не ме зеде да се повозам. МАРГАРЕТА: Ќе дојде, синко, татко ти по нас, ќе видиш ќе не земе да се повозиме со него. Тој плови со остров мермерен како со брод, качен на највисоко, на бела палуба јадови. МИЛЕ: Нас сите не нејќат, ние сме предавници. МАРГАРЕТА Не... Не! Не се предавници мајка ти и татко ти, не! Се качивме на погрешен брод, за погрешен свет што плови. На тој брод вечно ќе бидеме сами и само ние на него ќе се возиме. Миле мој! Никој ќе нема храброст да се качи со нас. ќе пловиме сами по море од плуканици и уреа. Знамето наше на јарбол секогаш ќе дозволува да плукаат по нас. На нас ќе се докажуваат, на нас ке напредуваат, на нас ќе ги наградуваат! Не можеме да те откачиме со татко ти од нас. Врзан си за нас со папочна врска. Сакаа да те фрлат в снег на Караорман. Но кај се кине папочната врска? Досега не можеа да ја скинат. Можеби ќе успеат. Таа е котвата што си врзан да тонеш со нас. Речено ти било да пловиш со нас. Среќно ти море, мило мое! МИЛЕ: Смири се мимичке моја, смири се, те колнам. А тато сега да дојде, да не затече вакви што ќе рече? Вака го слушаме? МАРГАРЕТА (Крикнува) Мрак. Сцена 15. 15. УНИШТУВАЊЕ НА СТАЛИНИЗМОТ. Голи Оток од 12 сцена. Фауст врзан за раце и за нозе. Пред него отворен мртовечки сандак. Надзорникот, Литераторот, заробеници... НАДЗОРНИКОТ: Денес во Москва се погребуваат посмртните остатоци на Јосиф Сталин, најголемиот марксистички ренегат и најголем непријател на СФРЈ од кого видовме толку зло. Сталин умре, но сталинизмот е уште на дело. Негови поборници и заговорници за рушење на СФРЈ бевте сите вие кои, помогнати од надворешниот фактор, активно работевте на тоа. Сето тоа вие детаљно го признавте пред органите на УДБА по вашето апсење. Овдешното идеолошко превоспитување даде одредени резултати, но недоволни. Има такви кои се покајаа и превоспитаа, но има и такви на кои никаква воспитна работа не им помага. (Викаат уаа). Познатиот македонски поет и национален непријател Венко Марковски е од тие. (Плукање на Венко) Во него жилаво живее духот на Сталин. Денеска во исто време кога неговиот идол го закопуваат во Кремљ, ние овде ќе го закопуваме сталинистичкиот дух. Останавте без својата најголема потпора. Докажете се! (Затворениците плукаат на Фауст, го навредуваат, по пикаат в сандак, го затвораат и се радуваат). НАДЗОРНИКОТ: Спуштете го в земја. Таа ќе му ја исцица заблудата. (Нападно се смее. Се смеат сите). Мрак. Сцена 16. 16. ЕГЗОДУС. Кабинетот на новиот македонски водач. Претседател I и активистката ПРЕТСЕДАТЕЛ I: Како одат работните акции? Дали е младината со нас? АКТИВИСТКАТА Нема проблеми. Со ваков ентузијазам комунизмот ќе дојде порано, за една петолетка. Мускули, песни, натфрлени норми, само... ПРЕТСЕДАТЕЛ I: Довршете! АКТИВИСТКАТА: Пред врата е Венко Марковски. Бара прием кај вас. Младите не можеме да ги одвикнеме од неговите песни. Длабоко им е в срца, особено по излегувањето од робија. За нив е претеорен во мит, македонски Фауст! ПРЕТСЕДАТЕЛ I: Многу страв од ништо. Тој сам ќе си го руши свјот мит, ние само ќе му помогнеме. Нека влезе. (Излегува активистката, Претседател I зазема став на замислен човек. Влегува Фауст) ПРЕТСЕДАТЕЛ I: Си барал неколку пати прием кај мене. Зафатен сум Добро е што те гледам. Види, Марковски, ти си наш човек и со тебе мора отворено Партијата го почитува твоето творештво, и се што си направил за Македонија, но не може да прејде... па макар да е и големиот Венко. Затоа, пак сакаме да ти дадеме шанса. ФАУСТ : Буквално гладуваме со цело семејство, имам нарушено здравје. ПРЕТСЕДАТЕЛ I : Имаш и големи гревови и големи дела. Зошто продолжуваш по старо? Преиспитај се и искритикувај се јавно. Исклучен си од Партијата. Таа пак ќе те прибере. Казната е наш интерен проблем во ЦеКа. Јавноста нема да дознае. Твојот лик на буревесник останува. ФАУСТ: Ме јаде црв, ја утмавме работата. Вака не оди. Заостанува нашата демократија. Имам полно необјавени песни и драми Слободата на зборот ќе ни се свети. ПРЕТСЕДАТЕЛ I: Ќе ти се преобјават стари песни, ќе ти се печатат-нови, ќе ти се постави твојот текст во Македонскиот народен театар. Од утре си на работа таму како драматург. Добиваш статус на државен поет со сите привилегии автомобил, шофер. Од тебе се бара јавна самокритика за целосното твое поведение и штетите, што им ги имаш нанесено на Партијата, Македонија и социјализмот. ФАУСТ: Барате јавно да се посипам со пепел па да ги добијам старите привилегии? Ги имав во време на Револуцијата, ми излегоа низ нос на Голи Огок. ПРЕТСЕДАТЕЛ I : Се прават грешки, но и ти не си најчист . Ние ти го потхранивме апетитот. ФАУСТ: Јас буквално гладувам, го изгубив здравјето на Голи Оток. ПРЕТСЕДАТЕЛ I : Затоа прифати. Во Револуцијата не може секому најточно да му се пресуди. Секогаш има незадоволници Ќе те прегази времето. Ние мораме да негуваме и млади сили, не си веќе единствениот поет. Прифати. ФАУСТ: (Вади од џебовите пепел и се посипува) Морам себе си да се посипам со пепел за да опстојам во Македонија. Немам толку душа колку сака да ми земе Мефистофел. Го чувствувам секаде околу мене, но досега лично не го видов. Ми се крие зад безброј лица. Како руска матрјошка. Една кукличка ќе видам, но само, корупка е во друга што се крие. Ако вака Гоце Делчев ја проектира Македонија како античка трагедија, м у честитам. Роб сум му на ѓаволот, но ќе го најдам да си ја откупам душата. (Излегува на сцената литераторот, в раце држи отворен весник "Нова Македонија". Чита). ЛИТЕРАТОРОТ: Пиесата на Венко Марковски "За родниот кат" изведена вчера вечер во салата на Македонскиот народен театар е уште едно, можеби најниско стапало од творечкиот безизлез во кој се наоѓа овој автор. Својата творечка немоќ ја чувствува и сам, па очигледната уметничка неиздржаност се труди да ја покрие со евтино политикантство, обидувајќи се да ја омаловажи борбата на југословенските народи. Овој насила искажен поет на поетскиот Олимп одамна е претворен во сопирачка која го запира развојот на нашата млада литература. Нашиот самопрогласен гениј е осуден што и да допре, да го изнасили. ФАУСТ: Ти реков ќе маваш и на мене? Доста ве трпев. Смеев ли да бидам толку глупав и досега што ве трпев? Ако можеш така со татка ти, смеам ли јас истото да и го правам на мајка ми? Доволно накоти едиповци мајка Македонија, сега самата нека му се држи. Подобро еретик од едиповец. (Заминува). ЛИТЕРАТОРОТ: Очигледно незадоволен од Македонија, особено од литературната критика која не пројави слух за неговото преамбициозно стихотворство, тој се реши да ја напушти Македонија. Не се возбудуваше зашто зад него стоеја неговите моќни сојузници во Бугарија, па и во СССР. Оптоварен со предубедувањето дека зад сево ова стои политиката, тој сопствените творечки проблеми се обиде да ги реши во директен судир со неа. Овој пат, обвинетите беа сите југословенски раководители. На таквиот гнасен предавник не му остануваше ништо друго, отколку да му се суди како на Бугарин со национално чувство кое само по себе е повеќе од трагикомично, но и свесно создавање на адути кај своите традиционални душегрижници во Бугарија. Под изговор дека е болен, нему практично му беше дозволено легално да емигрира во Бугарија. Таму беше пречекан со широко отворени прегратки и опсипан со севозможни привилегии и признанија како државен поет број еден. Тоа нас во Македонија само не учи дека како мртвите, така и живите предавници можат да се ползуваат. Значи ли дека и ние ќе треба да постапуваме на сличен начин? Не. (Претседател 1 сево ова најспокојно го гледа од својот стол.) Мрак. Сцена 17. 17. СРЕДБАТА СО ПРЕТСЕДАТЕЛ II. Претседателскиот кабинет. ПРЕТСЕДАТЕЛ II и Фауст. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Добредојдовте, Венко Марковски. ФАУСТ : Добре ве нашол, другар претседателе. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Зошто побегавте од Македонија, ако смее да се праша? ФАУСТ: Затоа што сум Македонец. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Знаев дека ќе додеш кај нас. Ти ја следев кариерата. Убаво што се сети. Кога им доаѓа за бегање на Македонците, секогаш им текнува за Бугарија. Било и ќе биде. Ништо ново. Таа бразда во мозокот нема да ви ја затнат. Секогаш ќе проработува. ФАУСТ: Бугарија е наш Ноев кораб. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Што ќе правевте да ја немаше? ФАУСТ: Ќе ја измислевме, другар Претседател II. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Тоа може да измисли голем поет, од твој маштаб ФАУСТ: Јас сум тема за голем поет. Многу автори од мене како да влажнат перце. ПРЕТСЕДАТЕЛ II : Потребен си ни, другар Марковски, ни треба твоето перце. Бугарската комунистичка партија е помоќна од секогаш. Орлицата пак ќе те прегрне. Има млеко сите да цицнете од мајка Блгарија. ќе бидеш поет, номер еден. Ќе те примиме во Академијата, ќе те наградиме. Да почнеме орден за заслуга за социјалистички труд. (Вади орден и му го закачува на гради. Вади и второ одликување) Орден за заслуги од прв ред. ФАУСТ : Немојте, почитуван претседателе. Не заслужувам јас. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Честитам. Фотограф! (Влегува фотографот со апарат. Ги слика. Заминува) Ова со стихови ќе го вратиш. Без тревога, ќе го позлатуваш секој наш чекор. Изградба, индустријализација, аграр. ФАУСТ: Пак ли тоа? ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Нема друго. Без милост со заостанатите елементи и штетните капиталистички појави од Запад што ни ја сопираат револуцијата. Смее ли друго да прави авторот на "Орлица"? (Кажува стихови од поемата на Венко Марковски. Со иглата од новото одликување што му го става на градите, силно запнува и го набоцнува). ФАУСТ: (Ќе прискока) Уф! Ме боцнавте со иглата. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Така ли? Тоа се канџите на Орлицата. Мрак Сцена 18. 18. СМРТТА НА СИНОТ. Дома кај Фауст. Фауст, Маргарета и филозофот. ФИЛОЗОФОТ: Ги зедов шпалтиве од печатница и додов да те зарадувам. ФАУСТ: Прочуен филозоф се пика по словослагачници. Како прв текст да печатиме. (Се смее) ФИЛОЗОФОТ: Ама каков текст сум ти напишал за одбраните дела, куме, ќе видиш. Слушај. Сите големи уметници без оглед на обликот кој на своите дела им го дале, биле во историска смисла на зборот и критичари на времето во кое дејствувале. Од таа општествена функција на уметникот, произлегува и неговата одговорност, која е се поголема колку се уметничките способности на авторот на повисок степен, односно, што е поголем неговиот талент. Бегството од реалноста во поетски утопии секогаш е доказ за извесно сиромаштво на духот. Утопијата во уметничкото дело секогаш прикрива некоја немоќ, некој недостаток, што е сигурен доказ за непознавањето на историјата од авторот и нејзините функции. Литературата со секој уметнички род мора да биде одраз на своето време, и тоа, се разбира, не во шпенглерова смисла на чисто морфолошко набљудување на историјата, туку како дијалекгички израз на современите стремежи. Зарем Егон Ервин Киш ги напиша во својата сјајна книга за Америка во време на нејзиниот најголем просперитет сите нејзини симптоми на близок крај, а затоа пак, Брезник во своите книги пееше одушевени химни за високите облакодери. Нашиот познат поет Венко Марковски ја фати првата линија. Неговиот гениј истиот материјал со кој се служат сите уметници, го обработува минуциозно со својата дарба и со децении ни нуди зашеметувачки резултата достојни за еден Гете, Пушкин или Ботев. Ние ќе останеме на гледиштето дека постои само една вистина. Разните сфаќања дека има повеќе вистини, ќе не доведат до заклучокот дека постојат само две сфаќања, едните што ја разголуваат и откриваат вистината и другите... (се слуша ѕвонење на ѕвонче) со помош на поетската фантазија штоја замачкуваат и прикриваат... (Влегува полицаецот, цивилно облечен, остарен) ПОЛИЦАЕЦОТ: Академик Марковски, многу се извинувам што ви пречам, но морам да ви пренесам една трагична вест за вас и госпожа Марковска. Пред дваесет минути вашиот син Миле Марковски загина во сообраќајна несреќа. Удри во трамвај. Примете го моето сочувство. Многу ми е жал. (Заминува) МАРГАРЕТА: (Крикнува) Ја пресекоа папочната врска. ФАУСТ : (Ја прегрнува Маргарета) Револуцијата ни ги обедини љубовта и ѕвездата. Миле ни е рожбата. Во почетокот не е ни љубовта ни ѕвездата. Туку џелатот. Тоа е апсолутна вистина. Го сфатив на Голи Оток, таму бев вистински Фауст. Секој се рага со по една ѕвезда, една љубов и еден џелат. Другото е лага. Деветиот круг од пеколот е рајот. На Македонија ќе и престане несреќата кога целата ќе се претвори во Голи Оток. Тогаш ќе биде највистинска, како што ние бевме најприродни на мермер. Тоа е можноста да се проба апсолутната среќа. Лично ја видов и искусив. Сите татковци плачеме по синовите, но синовите со задоволство треба да не претепуваат. Кој не си го претепал татка си во животот барем еднаш во животот, е невин. Со свои очи гледав син како катадневно го претепува татка си за да го превоспита. Тоа е катарзата. Вакви сме зашто синовите не не превоспитаа. Миле се обиде да ме превоспита... затоа и ни се роди за да ја дофатиме среќата... Проклет да бидам, на разделба што гледам колку ми недостига неговиот ќотек. Мојот живот е една долга Валпургиска ноќ. МАРГАРЕТА: (Крикнува). Мрак. Сцена 19. 19. БАЛКАНСКИ КОКТЕЛ. Во резиденцијата на Тодор Живков. Претседател II, полицаецот, јазичарите, литераторот, гости... Свечено, светло. Со чаши в раце. ПРЕТСЕДАТЕЛ II : Имавте добри реферати. Честитам професоре. ЛИТЕРАТОРОТ: Благодарам, претседателе. Мораме да работиме на зближување на нашите две држави. ПРЕТСЕДАТЕЛ II : За Југославија и Македонија (Се чукнуваат "на здравје") ЈАЗИЧАРОТ1 : И за Бугарија. ЈАЗИЧАРОТ2 : За тесно пријателство. ПРЕТСЕДАТЕЛ II : За пријателството, секако. Но, Венко Марковски ни го попречува... (Непријатна тишина). ЈАЗИЧАРОТ 2: Немојте, другар претседателе. Не е момент за такви разговори. Семинарот беше успешен, да не го нарушиме расположението. ЈАЗИЧАРОТ 1: Јас му бев професор во гимназија. Уште ја паметам неговата непредвидива природа. Знам, имате со него проблеми. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Само колкави да знаете. На англиски јазик во Канада објави книга мемоари "Островот на смртта". ЛИТЕРАТОРОТ: Тоа е за нашиот Голи Оток сигурно? ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Да, ве срами и нас и вас. ЈАЗИЧАРОТ 1: За тебе ако не пишува внатре? ЛИТЕРАТОРОТ: Нешто нездраво има во тој човек. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Ако сакате, можам да ви го доставам... (Општа стаписаност) ЈАЗИЧАРОТ 2: Да ни го доставите Венко Марковски нам? ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Да. Ј^ИЧАРОТ 2: Да не е ова некоја ваша провокација, претседателе? ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Не,не. ЈАЗИЧАРОТ 1: Водете, другар претседателе, ние не сме политичари, ние сме универзитетски професори, но сметаме дека не е момент за таков гест. Знаете, во Југославија национализмот е постојано присутен и еден таков шовинист само ќе го искористат внатрешните непријатели. Особено сега кога тој се има поврзано со надворешни сили. ПРЕТСЕДАТЕЛ II: Тој е агент на ЦИА! ЦИА печати такви антикомунистички книги да не бламира. ЛИТЕРАТОРОТ: Тогаш, внимателно со него, претседателе. Него Америка го штити. За социјализмот, претседателе. (Се чукнуваат. Музика). Мрак Сцена 20. 20. РЕЗИГНАЦИЈА. Фауст и филозофот, остарени, седната на кафеанска маса со чашки ракија и вино. ФАУСТ: Јас сум најдобриот пример, мој куме, како се коцка животот А мислев ќе го откријам, ќе ја дофатам апсолутната вистина. ФИЛОЗОФОТ : Светот е совршена античка трагедија. Недопирливи богови ни ја одредуваат судбината. ФАУСТ : Бог е само автор, мој куме. ФИЛОЗОФОТ: Повеќе си од бог за Македонија и Бугарија. Делото го градеше повеќе од шест дена, а ќе трае вечно. ФАУСТ : Убаво е за Македонија да пишуваш, уште е поубаво да ја оплакнуваш, а најубаво, таму да не живееш Апатрид сум со вишок татковини. (Налетува потпијанет бугарскиот полицаец. Седнува до нив непоканет) ПОЛИЦАЕЦОТ: Што правите, бе Македонци? Дигнува од нивните чашки и ја испива. Мноу ве сакам јас вас Македонците. Само Македонец може искрено да пие и да убива. ФАУСТ : Наздравје! ПОЛИЦАЕЦОТ : (Станува) За Македонија! (Седнува). ФАУСТ: Во Македонија живеат сите ликови од литературата. ФИЛОЗОФОТ: А ние двајцата? ФАУСТ: Почнавме да откриваме како Фауст, се двоумевме како Хамлет, на крајот, смешни сме како Дон Кихот. Македонија е ѓаволска рожба. Таму не смееш да откриваш и да се двоумиш. Само Фауст и Хамлет во Македонија не можат да опстојат. ФИЛОЗОФОТ : Освен ако не се претворат во Дон Кихоти. ФДУСТ: Да, но ти не тргна по моите откривања на апсолутната вистина. ФИЛОЗОФОТ: Не значи испаднав и попаметен. ФАУСТ: Таму се живее без алтернатива. Секогаш си пред ѕид. Само Македонскиот Фауст никогаш не може да си ја поврати душата. ФИЛОЗОФОТ: Сјајно, мој куме, сјајно! И со старечка резигнација ме воздушевуваш. Како и секогаш. Поетски до Платон. Македонија - свет на чистата идеја. А идејата за Македонија, ѓаволска рожба. (Се смее) Платон ги изгони поетите од идеалната држава, а тие... најблиску... во Македонија. ФАУСТ: Мене и од Македонија...(Се смеат). Фауст - непожелна личност за Македонците. Персона нон грата. ПОЛИЦАЕЦОТ: Ништо не ве разбирам, мои Македонци... Зошто си го комплицирате животот. (Им пие од чашите. Станува.) За Македонија! (Седнува). ФАУСТ: Таму се води љубов со злото, ама тоа не се вклопува во твојата теорија на одразот. (Се смеат, се смее и полицаецот) Колку сум предавник, толку повеќе сум предаден. ПОЛИЦАЕЦОТ: Ништо не ве разбирам, земјаци. Ама ми оди со вас пијачкава. Ѓаволи сме, ама боговски пиеме. (Си дотура). Ми беше наредено да ве ликвидирам во затворот... Требаше да ве убијам. Тоа не го сторив и не се кајам еве и по триесет години. Со кого на стари години ќе пиев ракија? Нели сум бил визионер. На здравје! ФАУСТ: Во почетокот не е ни љубовта, ни ѕвездата, ни џелатот. За Македонците, во почетокот, секогаш е глупоста. ФИЛОЗОФОТ: Тоа е искрата на надеж. Таа е непобедлива. (На масата им налетува поет - боем, пијан). ПОЕТОТ-БОЕМ: што правите бе, Македонци?... Цел живот на пердуви. Како ти идат само толку стихови да дрдориш?! За секој празник, за секој абдал, за секој ќенеф напиша сонетен венец. Капитал направивте од таа Македонија. Книга не можам да публикувам од вас.... (Им дига една чаша, ја пие, ја фрла и заминува) ПОЛИЦАЕЦОТ: Сега ќе видиш ти, кои се Македонци...(Станува, се фаќа за внатрешниот џеб. Филозофот и Фауст го задржуваат). Мрак Сцена 21. 21. 3АКОПОТ. Гробиштата Орландовци во Софија. Фауст во мртовечки ковчег. Маргарета, филозсфот, полицаецот, Живков, посетатели... ФИЛОЗОФОТ: (Чита) Тажен собиру, кога и да дојде, смртта доаѓа прерано особено кога доаѓа по поет кој колку и да живее, својот поетски опус никогаш не може да го заврши. Простувајќи се од името на Бугарската академија на науките и од името на Здружението на бугарските писатели, можам да кажам дека смртта во овој случај доде прерано по нашиот почитуван Венко. Не дека неговиот опус од магистрално значење за нашата култура не е оформен, туку дека имаше уште многу што да испее со неговиот неповторлив стих. Неповторлив наш Венко, испраќајќи те денеска за последен пат до Орландовци, те испракаме во вечноста во која ќе ти прават друштво врвни умови, твои и мои Македонци кои дојдовме тука од нашата маченица да израснеме во корифеи на бугарската духовност. Тажи денес Македонија по тебе, како што знаат нашите мајки безгласно да жалат за најдобрите чеда (Се слуша глас на наредба) ГЛАС : Почесна чето, пушките вади! Нишани во висина! Пукај! (Истрели) Пукај! (Истрели) Пукај! (Истрели) (На сцената одозгора доаѓа едно авионче од хартија) Мрак Сцена 22. 22.ЕПИЛОГ. Скопје на кејот, денес. Новиот Фауст и новата Маргарета. НОВАТА МАРГАРЕТА : Јас сум будала што те трпам. Сите мочли низ Скопје се омажија и средија, само јас се шетам со тебе по кејов. Културно се издигнувам, одам на театарски претстави. Пател уметникот за Македонија, тој ја открил нејзината вистина, тој ќе ја пишува! Македонски Фауст! Другите трева пасат! Го боли некого за в Македонија, прост ниеден! Сите гледаат што да украдат и да му ја дувнат одовде, ти ке пишуваш! Се потепа народов праќајќи наградни игри за иселенички визи во Америка. Илјада визи годишно даваат за Македонија. НОВИОТ ФАУСТ : Па тогаш што ќе ни е да се средиме. Ти си го нашла излезот. И ние ќе испратиме. Амо не не извлечат сега, за дваесет години, сигурно. Толку сме Една авенија од Њу Jорк цела Македонија ја собира. Маседониан авени ББ. Сите се познаваат. Овде сме на пропатување. Кога сме стагнале од Карпатате пред илјада години, сме застанале колкуда земеме душа, попатна станица ни е Македонија. За тоа време сме направиле по некое царство, по некој манастир, сме напишале по некоја книга. Нашата крајна станица е Америка, Австралија, Канада, или во најлош случај Бугарија. (Се слуша доаѓање и пискање на воз. Новиот Фауст вреска) (Се шетаат директорот и професорот. Одвај одат) НОВАТА МАРГАРЕТА : Што ти стана? НОВИОТ ФАУСТ: Се зарадував што ги видов академиците метузалеми. Тие во буквална смисла се бесмртни. ДИРЕКТОРОТ: Ене го момчето што ги пишува поганите текстови за интелигенцијата. ПРОФЕСОРОТ: Па младо било, бе? ДИРЕКТОРОТ: ... И перспективно. Нивна е иднината. Е, што дочекавме... ПРОФЕСОРОТ: Ние сме виновни. Божем демократија, дозволивме секакви елементи да ни ријат во културниот живот. ДИРЕКТОРОТ: Ќе го бараат тие старото, туку ајде... (Влегува хомункулусот со весници в раце) ХОМУНКУЛУСОТ: Утрешна "Нова Македонија", "Вечер", "Огласник М"... Мрак. КРАЈ.